Каде што знаењето добива став

„Верзија е верување дека секоја мисла и секое општество заслужуваат подобро издание."

Повеќе од име. Ветување.

Една верзија е скалило кон нешто подобро - таа одбива да стагнира. Тоа е принципот на сè што објавуваме: секогаш трагаме по подобра верзија од самите себе.

Дневник

Едно место. Два начини на раст.

За оние кои не се задоволуваат со статус-кво. Без разлика дали бараш знаење или сакаш да ја споделиш својата перспектива, тука си на вистинското место.

I.

Знаење, без шум.

За читателите

  • Чист простор за идеи: Без непотребни реклами и clickbait наслови што ти го одземаат вниманието.

  • Филтриран квалитет: Читаш содржина која поминала низ стручна проверка.

  • Директна врска: Следи ги авторите кои те инспирираат.

Започни да читаш
II.

Твојата експертиза како личен бренд.

За авторите

  • Видливост: Твоето портфолио пред заедница која вреднува длабочина.

  • Авторитет: Изгради име преку квалитет, а не преку кликови.

  • Еволуција: Со секоја објава расте твојот статус на платформата.

Аплицирај за автор

Стандард

Дигитален простор со
поинаков стандард.

no. 01

Филтриран квалитет.

Секој текст поминува низ уредничка и техничка проверка. Курирана содржина наместо алгоритамски шум.

no. 02

Фокусирано читање.

Минималистички дизајн без банери и реклами. Твојот фокус е приоритет.

no. 03

Заедница со интегритет.

Дискусии каде се почитува аргументот, а не гласноста.

Постапка

Како се користи.

Три чекори. Бесплатно. Без обврски.

  1. 01

    Креирај профил

    Регистрирај се бесплатно и избери ги темите што те инспирираат.

  2. 02

    Најди ја својата улога

    Биди читател кој истражува или автор кој ја споделува својата уникатна перспектива.

  3. 03

    Расти секојдневно

    Читај содржина со вредност што останува или пишувај и станувај подобра верзија од себеси.

Вредности

Веруваме во јасни граници.

За да создадеме простор за квалитет, кажуваме „не“ на површноста. Еве што ја дефинира Верзија, а што никогаш нема да најдете кај нас.

Верзија е

Едукативна
учиш нешто ново
Минималистичка
фокус на текстот
Заедница
дијалог меѓу автор и читател
Селективна
квалитет пред квантитет

Не е

Проповедничка
не солиме памет
Хаотична
без непотребни реклами и банери
Огласна табла
не сме еднонасочен медиум
Масовна
не објавуваме сè и сешто

Прашања

Често поставувани прашања.

Сѐ што те интересира за Верзија, спакувано на едно место. Разгледај ги прашањата подолу, дознај како функционира платформата и подготви се за доза квалитетна мисла и позитивна енергија!

Дали се плаќа за да читам или да пишувам на Верзија?

Со пари - не! Читањето и пишувањето на платформата се целосно бесплатни. Нема претплати ниту скриени трошоци. Еве како функционира:

  • За читање: Потребно е само да се регистрираш како читател и добиваш пристап до сите содржини.
  • За пишување: Потребно е да аплицираш за автор. Доколку твојата апликација биде прифатена, можеш да објавуваш текстови со свое сопствено темпо.

Се регистрирав како читател. Што сега?

Добредојде на местото каде што твоето време добива вистинска вредност, а учењето носи супер енергија! Наместо да „скролаш“ низ социјалните медиуми (сите знаеме како завршува тоа), тука имаш алатка за сопствен развој во Бизнис, Технологија, Наука или Живот. Читај со твое темпо, зачувувај ги статиите што ти носат нова перспектива и вклучи се во дискусиите. Ова е твој простор за знаење и инспирација - без досадни реклами и сензационализам.

Размислувам да аплицирам за автор. Како можам да го направам тоа?

Процесот е едноставен - најтешкиот дел е всушност да се одлучиш да кликнеш! Сѐ што треба да направиш е да кликнеш на „Аплицирај за автор“, да пополниш кратка форма и да ни кажеш во која област си експерт.

Нашиот уреднички тим ќе ја прегледа твојата апликација, па штом се вклопиме во заедничката визија, ќе добиеш статус „Автор“ и пристап до твојот уредувач. Таму ќе можеш да си ги пишуваш статиите, да си ги зачувуваш како нацрти (драфт) и со еден клик да ни ги пушташ на финална проверка пред објавување.

Се регистрирав како читател и сега сакам да аплицирам како автор. Кој е процесот тука?

Добрата вест е што нема потреба да правиш нов профил и да памтиш уште една лозинка - веќе си на половина пат! Само логирај се, кликни на твоето име во горниот десен агол и избери ја опцијата за аплицирање за автор, пополни ја анкетата и испрати ја кај нас. Штом нашиот тим ќе ја прегледа апликацијата и ќе видиме дека сѐ се вклопува во нашата заедничка визија, твојот профил ќе премине во „Автор“ и ти се отклучува уредувачот кој нетрпеливо ќе ги чека твоите први статии!

Кои се потребните услови за мојата апликација за автор да биде прифатена?

Не ти треба долгогодишно писателско портфолио, ниту диплома по новинарство! Сѐ што бараме е да имаш:

  • Реално искуство и знаење во областа за која пишуваш (и пасија!).
  • Автентичен поглед на нештата (бидејќи кај нас нема место за плагијати и генерички AI текстови).
  • Желба за споделување на корисни лекции, решенија или истражувања.

Што се однесува до граматиката и подредувањето на зборовите - не се секирај, тука е нашиот уреднички тим кој со задоволство ќе ти помогне да блеснеш!

На кои теми можам да пишувам како автор?

Тргнуваме со четири клучни категории: Бизнис, Технологија, Наука и Живот. Без разлика дали сакаш да споделиш како успешно се менаџираат тимови во Македонија, да претставиш некоја нова дигитална алатка, да го преточиш твоето дипломско истражување во интересна приказна или да раскажеш како се справуваш со burnout - твоето знаење и искуство имаат место кај нас.

Сѐ уште се двоумиш? Прочитај ја статијата „Како да почнеш со пишување на Верзија?“, каде што те чека детален водич низ сите категории, заедно со практични примери кои ќе ти ја разбудат креативноста!

Морам ли да пишувам супер долги и стручни статии за да бидам објавен/а?

Не, Верзија не е академски весник, ниту место за бесконечни дисертации. Една статија може да биде сосема концизна - како брзи „научени лекции“ од пракса, но и подетална анализа, сѐ додека му носи вредност на оној што ја чита.

Сепак, за да не ја сфатиме креативната слобода премногу буквално, имаме некои граници (минимум 600, а максимум 3000 зборови) - идејата е текстот да не биде само една подолга СМС порака, но нема потреба да ни го испраќаш и твојот следен роман.

Фрли поглед на нашите уредувачки стандарди каде е објаснето како да ја спакуваш суштината и да бидеш подготвен/а за објава.

Ако секој може да аплицира, како се справувате со дезинформации и ширење невистини?

Иако вратите на Верзија се отворени за сите, тоа не значи дека секој текст се објавува автоматски, бидејќи тука на сцена стапува нашиот уреднички тим. Секоја пристигната статија поминува низ процес на проверка - за граматика, стил и факти, со цел да се осигуриме дека содржината е точна и автентична. На Верзија нема место за дезинформации, плагијати, теории на завера и сензационализам бидејќи го чуваме овој простор за квалитетни идеи и аргументи.

На крајот од денот, на таа статија ќе стои твоето име и личен профил со кој градиш дигитален авторитет. Зарем некој би сакал сам на себе да си направи сопка со измислици и да си го наруши угледот пред целата заедница која со уживање нѐ чита?

Подготвен да започнеш со пишување или читање?

Приклучи се на заедницата каде квалитетот е единствениот стандард.